19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Владата не ја донесе одлуката за маржите, профитот на неколкумина им е поважен од животот на граѓаните

-Владата на Христијан Мицкоски не ја донесе одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи, оставајќи ги граѓаните и понатаму сами да се справуваат со високите цени, велат од СДСМ.

„Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден, а владата има поданичка позиција кон бизнис интересите на елитата и на големите трговци и не презема ништо. На Мицкоски воопшто не му е гајле што граѓаните имаат се помалку пари и едвај врзуваат крај со крај.

Колкави долгови има Мицкоски кон оваа бизнис елита штом дозволува да профитираат врз грбот на граѓаните?

Веќе е јасно дека владата не само што нема решение за високите цени туку и нема желба нешто да преземе, нејзините економски политики се тотално фијаско и водат кон нова економска криза.

СДСМ бара владата итно да ги прифати 7 те пакет мерки за вистинско намалување на цените, олеснување на економскиот притисок и зголемување на стандардот на граѓаните.

Македонија не смее да биде земја во која профитот на малкумина е поважен од достоинствениот живот на сите!“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК