Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата во Скопје вчера пиша 549 казни

Согласно планот за засилени мерки во сообраќајот на подрачјето на СВР Скопје, во текот на 08.02.2025 полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на целата територија на СВР Скопје, при што санкционирани се вкупно 549 возачи. Од нив 187 се за возење со брзина поголема од дозволената, а 36 за управување возила без возачка дозвола. Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање, информира МВР.

Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, извести полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК