Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нова трагедија на македонските патишта – Камион прегази маж кој починал

На 05.02.2025 во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од лице(56) од Богданци, удрило во пешакот Д.Т.(46) од село Ангелци, струмичко.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде подоцна починал. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата после последните промени на енергетските пазари – остануваат одлуките на Владата за намалување на Ддв и акциза и најниски цени на горивата во регионот

ДЕСК

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК