Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Минусни температури утрово речиси во целата држава, најстудено во Берово

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 било во Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, -5 во Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Попова Шапка, Крушево, Прилеп, Струмица и Штип, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Претор и Виница, -2 во Охрид, -1 во Кавадарци, 0 во Велес и 4 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови.

Времето денеска

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК