Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Студ и магла низ Македонија, познато е кога ќе врне дожд – Метеоцентар со детални прогнози

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што висината на снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда.

Прогноза за 26.01.2025
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 14°C

Променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините магливо. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 27.01.2025
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 15°C

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. По котлините магливо и претежно тивко.

Прогноза за 28.01.2025
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 5°C до 14°C

Променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +