Centar.mk
фото Centar.mk
ЛОКАЛНО

Платите во Општина Кисела Вода ќе се зголемат за 5.000 денари

Постигнат е значаен договор меѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Синдикатот, кој овозможува покачување на платите на административните службеници од општина Кисела Вода. Почнувајќи од февруари, тие од општината ќе добијат покачување од 3.000 денари, додека со предвиденото покачување на минималната плата од страна на централните институции, односно на Владата, вкупното зголемување на мартовските плати, ќе изнесува околу 5.000 денари.

Денес градоначалникот Ѓорѓиевски го потпиша новиот колективен договор со Претседател на Синдикална организација на САДУ на Општина Кисела Вода Далибор Стојановски. Истакна дека оваа одлука е резултат на посветеност кон подобрување на условите за работа и мотивацијата на административните службеници, кои се клучен дел од функционирањето на локалната самоуправа.

-Во последните три години, Општина Кисела Вода бележи видлив напредок во сите области на своето работење. Овие резултати, меѓу другото, се должат на посветеноста и професионализмот на нашите административни службеници. Успешна општина значи задоволни граѓани кои добиваат брза и ефикасна услуга, а тоа е невозможно без мотивирана и вредна администрација. Со ова покачување на платите, сакаме да покажеме дека нивниот труд е ценет и дека ќе продолжиме да инвестираме во луѓето кои се основа на напредокот на општината- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Полицијата во Охрид со засилени контроли: Ќе се одземаат возила и ќе следуваат кривични пријави!

ДЕСК

На крајот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта 177 353 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 192 ученици ја завршиле годината

ДЕСК

За 0.3 % е намален бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2025 година во однос на 2024 година

ДЕСК