12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Францускиот премиер: „Европската Унија ќе биде прегазена од политиката на Трамп“

Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска предупреди на ризикот Франција и Европската унија (ЕУ), доколку не преземат ништо, да бидат прегазени од најавената политика на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја презеде функцијата.

„САД се одлучија за неверојатно доминантна политика преку доларот, преку индустриската политика, преку фактот дека можат да ги заробат глобалните инвестиции и глобалните истражувања“, изјави францускиот премиер за новинарите во градот Пау, каде што им се обрати на претставниците на локалните власти.

– Ако не направиме ништо, нашата судбина е многу едноставна, ќе бидеме под доминаџција. Ќе бидеме прегазени. Ќе бидеме маргинализирани“, рече тој.

Тој додаде дека одлуката како да реагираат е и на Французите и на Европејците бидејќи, како што истакна, тоа е невозможно без Европа.

„Инаугурацијата на Доналд Трамп не става пред одговорност“, додаде францускиот премиер, потсетувајќи на „моќта на Кина“, која во декември го премина прагот од 1.000 милијарди трговски суфицит.

„Франција и Европа денеска се соочени со два предизвици, американскиот и кинескиот“, рече Бајру./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Туск: Нападот со беспилотни летала врз Полска не беше грешка и ние го знаеме тоа

C +

Холандија: Висок ризик од големи прекини на електричната енергија по 2030 година

C +

Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади во Катар, без да го спомене Израел

C +