Centar.mk
фото Владина прес служба
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце

Денеска со почеток во 12:30 часот по повод завршување на градежните работи на делницата Куманово – Бељаковце (Коридор 8 Источна делница) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце.

Пругата Куманово – Бељаковце е со должина од 30.8 километри и на неа се изградени 3 нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација.

На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално -телекомуникациска опрема во вредност од 10.000.000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК