Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Температурите и до -8 степени на некои места: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Од утре ќе преовладува стабилно време со позитивни дневни температури кои ќе бидат во постепен пораст. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -8 степени. По котлините ќе има појава на магла и во долините со магла дневните температури ќе остануваат пониски. Од понеделник се очекува зголемување на облачноста.

Прогноза за 18.01.2025
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: 2°C до 8°C

Утрото многу студено со услови за магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб ветер од северен правец.

Прогноза за 19.01.2025
Минимална температура: -8°C до -1°C
Максимална температура: 1°C до 10°C

Утрото многу студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Прогноза за 20.01.2025
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 2°C до 11°C

Утрото многу студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот значително облачно со слаб јужен до југоисточен ветер.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +