Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсења низ Скопје

На 14.01.2025 во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, по дополнително преземени мерки, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот на подрачјето на општина Аеродром, при што биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис, дигитална вага, бела грутчеста материја, таблети, пиштол „Зораки М 906“ со рамка, пари и други предмети.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

ОДЛУКАТА СЕ БАРА ВО ВЕНЕЦИЈА – Владата побара меѓународно мислење за правосудниот испит

ДЕСК

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК