Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Студ ја окова Македонија – објавена четиридневна прогноза за времето

Утре ќе има повремени врнежи од снег со претежно слаб снег во западните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни. Во деновите потоа ќе преовладува стабилно и понатаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени. Од средината на неделата ќе има услови за појава на утринска магла.

Прогноза за 15.01.2025
Минимална температура: -10°C до -3°C
Максимална температура: -3°C до 5°C

Наутро многу студено, преку денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 16.01.2025
Минимална температура: -10°C до -2°C
Максимална температура: -2°C до 5°C

Утрото многу студено со услови за магла по одделни котлини, преку денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.

Прогноза за 17.01.2025
Минимална температура: -11°C до -3°C
Максимална температура: 0°C до 7°C

Наутрото многу студено со услови за магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК

ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 25,2%, додека СДСМ е втора партија со поддршка од 8,6% од граѓаните

ДЕСК