Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Доаѓа значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза

До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и таму температурите ќе останат пониски.

Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе има постепено топење на снежната покривка. Во петок попладне и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса со северен ветер врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и на пониските места.

Прогноза за 09.01.2025
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност.

Прогноза за 10.01.2025
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 11.01.2025
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 4°C до 10°C

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +