6. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Митовски: Експресниот пат е од голема важност за Крива Паланка, граѓаните ги чувствуваат придобивките од политиките на СДСМ

Изјава за медиуми, Сашко Митовски, градоначалник на Општина Крива Паланка – интегрален текст:

Почитувани граѓани,

Денеска со голема гордност и радост ја споделуваме веста за завршувањето на експресниот пат Страцин – Крива Паланка. Овој проект беше започнат од СДСМ во 2018 година и над 90% од градежните работи веќе беа реализирани и завршени во средината на 2024 година.

Токму овој проект е круна на соработката помеѓу локалната и централната власт во изминатите години и сето она што беше третман и поддршка за граѓаните на Крива Паланка.

Станува збор за стратешки проект и инвестиција којашто е важна за развојот на североисточниот регион и значително ќе придонесе во развојот и поврзаноста на економското поле и квалитетот на животот на Крива Паланка.

Да не беа блокадите од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, овој проект ќе беше завршен уште во 2024 година. За жал само заради личните политички цели пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш го блокираа проектот преку Комисијата за финансирање и буџет којшто со месеци го кочеше новиот предлогот за законот за гранд вреден 14 милиони евра.

Сепак, денес зборуваме за нешто што е од голема важност за Крива Паланка, еве денес е целосно завршен патниот правец и граѓаните од утре ќе ги чувствуваат придобивките од политиките што во изминатиот период ги реализираше СДСМ. Со овој патен правец граѓаните од целиот регион ќе можат безбедно и побрзо да патуваат помеѓу Куманово и Крива Паланка, но и добиваме ново патно поврзување на едно од најкомплексните делници во североистокот. Добиваме поврзаност помеѓу Скопје и Софија, нешто што ќе влијае на развојот на трговијата и економијата, како и на развојот за локалната економија.

Конечно, овој патен правец е граден по највисоки стандарди преку кои се избегнуваат многу црни точки, а добиваме и безбедност на патувањето на нашите граѓани и сите учесници во сообраќајот.

Во мое име и во името на граѓаните на Крива Паланка се заблагодарувам до сите оние коишто беа дел од овој крупен проект, на претходната Влада и премиерите и директори на значајните државни претпријатија коишто беа носители на оваа активност и сите градежни работници, на надзорните органи и проектантите и на сите оние што беа вклучени во целосната изградба на овој експресен пат.

Честитки до граѓаните на Крива Паланка.