Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец

Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец

По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта кон сабота врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места.Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а во текот на ноќта во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб јужен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во сабота претпладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а во повисоките места и на планините и од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК