Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДОМ: Подршка на граѓанскиот протест “Марш за чист воздух”,

-Зелената партија ДОМ ја дава својата целосна поддршка за претстојниот граѓански протест “Марш за чист воздух”, во сабота 28.12.2024 од 12.30ч, организиран од загрижени граѓани и здруженија. Игнорирањето на понудените мерки од протестот пред две седмици од страна на повиканите институции е показател за нивната несериозност кон борбата за чист воздух и преземањето итни мерки за справување со загадувањето, соопшти ДОМ.

„Уште еднаш ги повикуваме надлежните институции да покажат одговорност и да преземат конкретни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето – од промоција на обновливи извори на енергија и воведување на енергетски ефикасни решенија до зајакнување на инспекциските контроли и казнување на загадувачите.

ДОМ ги повикува граѓаните кои се за хумано живеење во градовите да се придружат на протестот. Заедно можеме да ја смениме иднината, за доброто на идните генерации.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК