Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за намалување на платите на функционерите за 20 илјади денари, па кога сфатија дека ги згрешиле пресметките го повлекоа

Дајте да ги намалиме платите на функционерите.

Ова е повикот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упатен до колегите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче на денешната прес-конференција истакна дека Законот за плата и други надоместоци на избрани и на именувани лица, што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа пред некој ден, подоцна го повлекле бидејќи сфатиле дека со него си ги намалуваат платите.

„Поднесоа закон во Собранието, меѓутоа направија грешка во пресметката на процентите. И кога сфатија во текот на вчерашниот ден дека со тој закон платите на функционерите ќе се намалеа за 20 илјади денари, законот набрзина го повлекоа и поднесоа нов со нова пресметка“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го прави на власт е целосно спротивно од тоа што го ветуваше како опозиција и во изборната кампања.

„Не ги намалија функционерките плати како што ветуваа. Сега ја сменија плочата од времето на кампањата и велат дека платите на функционерите ќе стагнираат. Не колеги пратеници. Дајте да го изгласаме првиот закон. Дајте да ги намалиме платите на функционерите“, истакна Филипче.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК