12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претежно облачно и студено со локални врнежи, на планините и во повисоките места од снег, во пониските од дожд и снег

Денеска претежно облачно и студено со локални врнежи, на планините и во повисоките места од снег, во пониските од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег.

Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Од сабота следува период на стабилно, суво и понатаму студено време./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Нови дневни центри, прифатилишта за жени жртви на насилство, фонд за лица во ризик и грижа за секој жител на Скопје

C +

СДСМ: Опасни идеи, Орце сака да ја бетонира културата во Скопје, наместо да ја чува

C +

ОЈО Скопје поведе постапка за криумчарење луксузни автомобили во државава

C +
error: Соддржината е заштитена.