Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег

Времето денеска претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни, а на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне. Поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 km/h) и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На планините висината на снежната покривка позначително ќе се зголеми. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје претежно облачно. Во утринските и претпладневните часови со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите од дожд ќе преминуваат во снег со слаб интензитет. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени

Во недела ќе има преодно стабилизирање на времето. Од понеделник под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север повторно се очекуваат врнежи претежно од снег. На планините висината на снежната покривка дополнително ќе се зголемува, а ќе се формира и во некои пониски места./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?

ДЕСК

ДОАЃА СНЕГ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Метеоролозите најавуваат драстична промена на времето – објавена е четиридневната прогноза

ДЕСК

НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Ќе се забрани пушење по кафулиња, ресторани, но и во вашиот автомобил – електронските цигари на исто ниво со нормалните

ДЕСК