22. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Владина прес служба
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со самото тоа што Груби е бегалец и не е достапен на органите на прогонот самиот потврдува дека е виновен

„Апсолутно, Артан Груби и сите оние за кои што постои основано сомневање дека сториле криминал, треба од страна на обвинителството да биде докажано дека се виновни, а од страна на судовите да биде одредена мерка врз основа на доказите и обвинението, а обвинетиот да докаже во судска процедура дека е невин. Така би требало сето ова да функционира. Со самото тоа што некој е бегалец и не е достапен на органите на прогон, тој или таа само утврдува дека е виновен, односно дека постои вина“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски во денешното интервју за централниот дневник на МТВ.

Мицкоски посочи дека обвинувањата на опозициската СДСМ дека наводно Груби е пуштен да замине, рече дека ова за многу брзо ќе биде демантирано, бидејќи како што рече заложбата на Владата е да има правна држава во која ќе има одлучна борба против криминалот и корупцијата.

„Кај опозицијата посебно кај СДСМ јас гледам еден проблем кој што можеби Фројд го има најдобро дефинирано со потсвеста, и сега нивната политика која што во моментот на таа тема е фројдовска и има проблем со нивната лична потсвест е збунувачка во јавноста, бидејќи ако кај нив работи потсвеста и деминисенција прават на некои минати времиња кога со планови итн бегалците од правдата ја напуштаат државата, па сега тоа го проектираат според нивната оптика денес, мислам дека е погрешна порака, која што многу брзо ќе биде демантирана“, рече тој.

„Ние, ова го правиме во името на нашата заложба да имаме правна држава и да има одлучна борба против криминалот и корупцијата, и добро е што граѓаните тоа го препознаваат и даваат поддршка. Јас не очекувам раководството на СДСМ или другите опозициски партии да излезе и да аплаудира да каже браво успешно завршена акција. Тие ќе продолжат со измислици, со монтажи, конструкции итн, важно е чувството на надеж дека се враќа и тоа го гледаме кај анкетите. Не велам дека е брилијантно, не велам дека ние чуда направивме за 6 месеци, чуда се невозможни“, дециден е Мицкоски.