Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во посета на Брисел

Утре претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел.

Во рамки на посетата претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари средба со високиот претставник/потпретседател на Европската Комисија, Каја Калас, средба со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез, како и средба со премиерот на Полска, Доналд Туск.

Воедно, во рамки на посетата претседателот на Владата Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани ќе присуствуваат на ЕУ Самитот на Западен Балкан во Брисел на кој за прв пат ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

На ЕУ Самитот ќе се разговара за понатамошната интеграција на регионот преку Планот за раст, како и за надворешни, безбедносни и миграциски прашања.

Исто така, претседателот на Владата Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската народна партија.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК