Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопје во тага: 23 годишен скопјанец загина откако паднал од објект во изградба, отишол да однесе храна

На 12.12.2024 во 10.50 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесено лице (23) од Скопје, кој околу 20.20 часот починал. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од објект во изградба на подрачјето на Бит Пазар, каде што бил да однесе јадење на неговиот татко, кој работел на објектот.

За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ИВА МИХАИЛОВА СО НОВА ИЗЈАВА ПО СНИМКИТЕ ОД БУГАРИЈА – Тврди дека никој не ја принудувал на ништо

ДЕСК

УШТЕ 11 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Возеле без положен испит, под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК

15 ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Полицијата привела 11 лица низ Македонија

ДЕСК