Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Чупеска: ДУИ и ДПМНЕ играат пинг-понг со меѓуетничките теми и ја контаминираат јавноста

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“ нагласи дека ДУИ и ДПМНЕ си играат пинг-понг со меѓуетничките теми и ја контаминираат јавноста со националистичка реторика.

-Оставете го Уставниот суд, оставете ги судиите да решаваат. Да мислиме на нормални работи, сиромаштијата до каде е стигната, инфлацијата расте, рече Чупеска, додавајќи дека под радарот се случува интервенција и узурпација на нишките на контрола.

-Она што е загрижувачко за мене во моментов е што во трите полуги на власта, судство и законодавна власт се одвива интервенција и узурпација на нишките на контрола и тоа е дел од операцијата на воспоставување веројатно на нов бран на авторитарни односно антидемократски практики и тука нема да помогнат теми како јазик, македонски, албански. Тие теми се дефокус од она што реално се случува под радарот, а под радарот се случуваат побајаги работи за злоупотреби кои што треба многу сериозно да се разговара, нагласи Чупеска.

Таа, во врска со црните листи, истакна дека на правосудниот систем му треба темелна реформа.

Црните листи ќе бидат розеви се додека обвинителството и правосудните органи не постапуваат по словото на уставот и законите и не преземаат акции и додека независните тела како ДКСК и ОЈО што еве ги чекаме два месеци, ништо не кажуваат за Бојан Христовски, за скандалот од невидени размери за назначувањето на АНБ, порача потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +