Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Снег и дожд низ Македонија: Метеоцентар со детална прогноза за следните неколку дена

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура. Повремени врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има во вторник.

Прогноза за 10.12.2024
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 13°C

Променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност по котлините. Наместа ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од слаб снег, особено попладне и во вечерните часови.

Прогноза за 11.12.2024
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 6°C до 13°C

Претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот пооменливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 12.12.2024
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК