Centar.mk
СВЕТ

Велика Британија ја зголемува хуманитарната помош за Газа

Британската влада ќе ја зголеми за 19 милиони фунти (околу 22,8 милиони евра) својата хуманитарна помош за Газа, каде ситуацијата е „катастрофална“, најави министерката за развој Анелиз Додс, која оди во Каиро на конференција на оваа тема.

„Израел мора да дејствува сега за да обезбеди непречен пристап за хуманитарна помош до Газа“, додаде Додс, додека меѓународните хуманитарни организации ги обвинуваат израелските власти дека спречуваат камиони со хуманитарна помош да влезат во доволен број на опколената палестинска територија.

Ова ново британско финансирање е поделено на 12 милиони фунти за Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања и Светската програма за храна и 7 милиони фунти за работата на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци, која во неделата објави дека ја прекинува испораката на помош за Појасот Газа од клучниот премин со Израел бидејќи испораката стана „невозможна“.

Годинава Обединетото Кралство одвои вкупно 99 милиони фунти (120 милиони евра) за хуманитарна помош за окупираните палестински територии, објави владата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

C +

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

C +

Поранешен шеф на ЦИА: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка

C +