14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голем е ризикот ако дојде до фузија на безбедносните агенции, а се продолжи со ваквата партизација, смета Филипче

На денешната средба помеѓу претседателот на СДСМ Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, лидерот на македонската опозција изразил загриженост за состојбата во безбедносните служби.

„Јас изразив загриженост и укажав дека претседателката треба да реагира за некои работи кои се во нејзини ингеренции, а тоа е партизацијата што се случува во дел од безбедносните структури. Укажав на ризикот кој сметаме дека може да биде многу голем ако настане фузија на двете безбедносни агенции, а во меѓувреме се продолжи со ваква паризација. Имајќи предвид дека сме имале едно такво лошо искуство во минатото како една таква гломазна безбедносна партизирана безбедносна институција може да се злоупотреби“ посочи Филипче

Тој додаде дека претходната власт од СДСМ направила реформа на безбедносните служби преку која тие станале професионални, но дека сега се случува партизација на истите.

„Ние направивме реформа со која безбедносните служби се поделени и професионализирани и навистина сметаме и реагираме дека треба да се запре партизацијата, која особено сега се случува во Агенцијата за национална безбедност“ порача лидерот на СДСМ.