Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Финализиран проектот за обука за финансиски истраги, поддржан од Владата на Обединетото Кралство

Резултатите во живо може да се следат преку Centar.mk со клик на овој линк.

Министерството за внатрешни работи изразува искрена благодарност до Амбасадата на Велика Британија и тимот за обука на Царската служба за приходи и царина (HMRC) за Западен Балкан, за успешната реализација на Проектот за обука за финансиски истраги кој се спроведува изминативе две години.

Овој проект овозможи значителен напредок во знаењата и вештините на нашите претставници и претставниците на партнерските институции, вклучувајќи ги Финансиската полиција, Јавното обвинителство и Царинската управа. Доделувањето на меѓународно признати акредитиви е доказ за квалитетот на програмата и нејзината важност за зајакнување на нашите капацитети за справување со финансискиот и организираниот криминал.

Министерството посебно ја истакнува посветеноста на Владата на Обединетото Кралство за поддршка во борбата против сериозниот и организираниот криминал. Оваа соработка е од непроценливо значење за зајакнувањето на институционалните капацитети и унапредувањето на безбедноста и владеењето на правото во нашата земја.

Со вакви проекти и заеднички заложби, продолжуваме да градиме побезбедна и стабилна иднина за сите наши граѓани.

фото МВР

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

ДЕСК

Муцунски: На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ова беа можеби најмирните избори што е пред се заслуга на граѓаните

ДЕСК

Јорданов од ВМРО ДПМНЕ прогласи победа со 15.000 гласа разлика

ДЕСК