13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Остварете ги вашите цели и желби со кредитните производи на Халкбанк

Халкбанк АД Скопје е банка посветена на обезбедување финансиска поддршка за сите граѓани кои сакаат да ги остварат своите цели. Во кредитното портфолио на Банката е широк спектар на кредити за физички лица, станбени кредити наменети за купување недвижен имот, потрошувачки кредити, кредити за возила, онлајн кредит, еко кредити наменети за зголемување на енергетската ефикасност во домот, кредит со депозит и хипотекарен кредит, како и дозволено пречекорување на тековната сметка.

Со широк избор на кредити прилагодени на различни потреби и можности, Халкбанк нуди поволни услови кои се во согласност со финансиските планови на секој клиент без разлика дали се работи за големи проекти или секојдневни потреби.

Па така, кај потрошувачките кредити, кои по правило се најбарани бидејќи средствата можат да се искористат на најразлични намени – тековни потреби, реновирање, образование, патување и други лични потреби, постојат повеќе понуди со различни услови, па секој може да одбере производ што најмногу му одговара. Потрошувачкиот кредит со фиксна каматна стапка од 5% за целиот период на отплата е со рок до 95 месеци, и максимален износ до 1.500.000 мкд. Кредитот е без трошоци за провизија за обработка на кредитот и провизија за предвремена ликвидација.

Тука е и  Онлајн кредитот со кој може да се обезбедат средства до 600.000 денари, при што со само неколку клика, во рок од неколку минути, на Вашата сметка ги добивате потребните финансиски средства. За да аплицирате за ONLINE кредит треба да сте корисник на електронско банкарство во Халкбанк АД Скопје и да сте примател на плата или пензија во банката. Каматната стапка е фиксна од 8,5% годишно, а рокот на отплата е до 84 месеци.

Идеални за стекнување свој дом се станбените кредити на Халкбанк. Наменскиот станбен кредит обезбеден со полиса за  животно осигурување и  полиса од незгода може да се користи за купување стан или куќа, како и рефинансирање на изложеноста во други банки по основ на станбен кредит. Кредитот е со рок на отплата до 360 месеци, почнувајќи од  3% фиксна каматна стапка за првите 5 години или почнувајќи од 3,4% фиксна каматна стапка за првите 10 години. Провизијата за обработка на кредитот е 0%.

Осигурителните полиси кои се вклучени кај одделни производи овозможуваат заштита на имотот на клиентот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Со Халкбанк АД Скопје секој чекор кон остварување на вашите финансиски цели е полесен. Без разлика дали сонувате за нов дом, автомобил или ви се потребни средства за остварување други планови, кредитите на Халкбанк се вистинскиот избор.