Centar.mk
БИЗНИС

Осмо издание на престижниот вински салон – Винодонија

Осмото издание на Винодонија, престижниот Скопски вински салон, ќе се одржи на 13-ти и 14-ти декември во хотел „Мериот“ во Скопје. Настанот, кој традиционално ги собира најзначајните имиња од винската индустрија, оваа година продолжува со уште поголем ентузијазам и квалитетна програма.

Работното време на салонот ќе биде од 15:00 до 21:00 часот, овозможувајќи им на посетителите да уживаат во уникатните вкусови на повеќе од  500 вина изложени од над 70 домашни и странски винарии. Винодонија 2024 и оваа година го истакнува значењето на винската култура и ја нагласува улогата на Македонија како винска дестинација во регионот.

Во богатата винска програма на настанот, посетителите ќе имаат можност да дегустираат разни вина од Македонија и странската винска сцена, но и да откријат и да се запознаат со нови вински приказни, кои ќе ги прераскажуваат уште многу време откако салонот ќе заврши.  Водечкиот карактер на Винодонија 2024 ќе дојде повторно до израз преку едукативните работилници и предавања, на кои  експерти од винската индустрија ќе ги споделат своите знаења преку мастер-клас дегустации и интерактивни сесии. Можноста за професионално вмрежување нема да биде изоставена, на настанот ќе присуствуваат менаџери и сопственици на хотели, ресторани и барови, дипломати и медиуми, обезбедувајќи одлична платформа за промоција и нови партнерства.

Освен извонредниот избор на вина, Винодонија 2024 и оваа година ќе има специјален гастрономски дел, кој ќе го заокружи винското уживање. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат внимателно одбрани гурмански специјалитети, локални и интернационални деликатеси кои совршено ќе се надополнуваат со презентираните вина. Оваа комбинација на вкус и квалитет ќе овозможи автентично искуство за сите љубители на доброто вино и храна, потврдувајќи го статусот на Винодонија 2024 како настан кој ги слави најдобрите аспекти на гастрономската и винската уметност.

Винодонија се има етаблирано како клучен настан за винската индустрија во Македонија, привлекувајќи вински ентузијасти, експерти и професионалци. Овој салон ја слави македонската винска традиција, промовирајќи го квалитетот на домашните вина и нивниот потенцијал за глобален успех.

Картите за Скопски вински салон – Винодонија 2024 се во ограничен број, и истите може да се купат однапред ОНЛАЈН по цена од 1000 денари за секој ден посебно, а еден мал дел ќе може да се купат и на самиот влез пред почетокот на настанот, но по цена од 1.200 денари.

Можеби ќе ве интересира

Нафтените гиганти го предупредуваат Трамп: „Кризата ќе ескалира, постои само едно решение“

C +

ДРЖАВАТА ДЕЛИ ВАУЧЕРИ ЗА ГРАТИС КЛИМА ИНВЕНТЕРИ: Објавени списоците на граѓани кои се стекнаа со право на инвертер клима – започнува постапката за подигнување ваучери, рок 30 дена

ДЕСК

Гувернерот Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги – финансиската едукација мора да биде дел од образованието

ДЕСК