Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Корса со скопски таблички изгуби контрола и удри во бетонски столб, неколку повредени

На 02.11.2024 година во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница град Скопје во правец од Тетово кон Велес, се случила сообраќајна несреќа во која Д.Р. (44) од село Кондово, скопско, управувајќи патничко возило „Опел корса“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и удрила во бетонски столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Р., додека нејзините сопатнички С.Р.(49) и С.Р.(19) двете од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК