Centar.mk
СВЕТ

Во израелските воздушни напади во источен Либан загинаа 19 лица

Вкупно 19 лица загинаа вчера во воздушни напади на Израел во пошироката област на античкиот град Балбек во источен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

11 од нив загинале во нападот на селото Мазрет Беит Салиби, соопшти Министерството. Уште осум лица загинаа во друг воздушен напад во областа, на населбата Беднаџел, се додава.

Според Министерството, меѓу загинатите има осум жени. Претходно израелската армија го нападна Балбек, повикувајќи на рана евакуација, изјавија очевидци./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп не планира да им враќа пари на компаниите поради укинувањето на царините

C +

Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

C +

Трамп му нареди на Пентагон да ги објави сите документи за НЛО и вонземјани

C +