Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Божиновска оствари средба со д-р Марио Де Роса

– Денес остварив средба со заменик шефот на мисијата на Италијанската амбасада во Македонија г-дин д-р Марио Де Роса и претставници на Италијанската банка за развој (ЦДП – Cassa Depositi e Prestiti), која преку својот пристап до фондовите на WBIF, кој имаат за цел да се зајакне социо-економскиот развој на регионот и да придонесе за европската перспектива на Западен Балкан, обезбедува инвестициски грантови и техничка помош посебно на компании во државна сопственост, а за таа цел отворена е и канцеларија во Белград, наменета за целиот регион на Западен Балкан.

Соговорниците подетално ме запознаа со нивните активности и деловната стратегија што ќе ја спроведат со цел да се обезбеди поддршка на јавниот и приватниот сектор во нашата земја во областа на одржливиот и инклузивен развој. Се разговараше за потенцијалот за соработка во повеќе области, со посебен фокус на енергетиката и зелената транзиција, рече Сања Божиновска, министерка за енергетика

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +