Centar.mk
СВЕТ

Маж заѕидал тело на жена во стан, полицијата го пронашла трупот по сомнителен разговор: хорор во Германија

Романец (47) е осомничен дека ја убил својата партнерка и го заѕидал нејзиното тело во стан во Штутгарт.

Роднините ја пријавиле жената за исчезната на 16 октомври бидејќи со месеци не се слушнале со неа.

По пријавата, истражителите го испрашувале нејзиниот партнер, кој на распитот „се збунил“, поради што веднаш му извршиле претрес во станот.

„Кога истражителите го отворија ѕидот, го открија телото во шуплината и го уапсија осомничениот“, изјави портпаролот на полицијата во Штутгарт.

Осомничениот во вторникот е изведен пред судија и му е одреден притвор./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп објави фотографија како држи автоматска пушка и му порача на Иран да се вразуми

C +

ОН: Сообраќајот низ Ормускиот теснец е речиси запрен

C +

Кој воопшто носи одлуки во Иран?

C +