Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Доаѓаат студени утра и ниски температури, магла и облалчност – Метеоцентар со детална прогноза

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.

Прогноза за 23.10.2024
Минимална температура: -3°C до 6°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Утрото студено со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Прогноза за 24.10.2024
Минимална температура: -2°C до 7°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 25.10.2024
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец .

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК