Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерот за јавна администрација Горан Минчев на првата трибина од платформата “100% посветено за тебе”

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата “100% Посветено за тебе”, одржана во Медија центарот на Владата. На настанот присуствуваше и Есма Адиловиќ Фазлиќ, раководител на сектор за реформа во јавната администрација.

Министерот Минчев ја истакна важноста на новото министерство во реформите на јавната администрација, нагласувајќи посветеност на зголемување на ефикасноста и транспарентноста на истата. Тој ги презентираше новите иницијативи, вклучувајќи системски и ефективни закони, систем заснован на заслуги и формирање на Академија за обука на јавната администрација.

“Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните и ќе биде во согласност со европските стандарди. Овие реформи имаат за цел да ја модернизираат и професионализираат администрацијата за да се одговори на барањата на нашето општеството”, изјави Министерот Минчев.

На трибината присуствуваа и високи претставници од Министерството за финансии, Министерството за економија и труд, Управата за јавни приходи и Царинската управа, што дополнително ја потврди важноста на соработката меѓу различните институции во напорите за подобрување на јавниот сектор.

Платформата “100% Посветено за тебе” претставува иницијатива на Владата со цел да се осигура транспарентност и отворен дијалог со граѓаните, пружајќи им можност да се информираат за активностите и напорите на владата во првите 100 дена од мандатот.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +