Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен штипјанец со дрога, вага и дробилка по полициски претрес

На 15 октомври 2024 година, во 23:35 часот, полицијата во Штип лиши од слобода 41-годишен маж од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен по наредба на Основниот суд во Штип, полицијата пронајде и одзеде повеќе различни пакувања марихуана, дигитална вага, дробилка со остатоци од марихуана, пари и таблети.

За настанот е информиран јавен обвинител, а осомничениот е задржан во полициската станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип ќе поднесе соодветна пријава против него.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОХРИД – Од денеска забрана за паркирање на булеварот „Туристичка“, следуваат засилени мерки пред самитот

ДЕСК

МАЛОЛЕТНИК НАПАДНАТ ВО ПАРК ВО АЕРОДРОМ – Мајката пријавила инцидент во полиција

ДЕСК

ПОЖАР ВО СТАН НА БИТ ПАЗАР – Сопственикот и полицаец повредени од вдишување чад

ДЕСК