Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Следува значително заладување и пад на температурите – претстојниот викенд ќе има и дожд, Метеоцентар со долгорочна прогноза

До среда ќе се задржи сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за слаба магла или ниска облачност. Од четврток ќе има зголемена облачност, а во петок и сабота повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 16.10.2024
Минимална температура: 2°C до 11°C
Максимална температура: 21°C до 28°C

Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 17.10.2024
Минимална температура: 4°C до 14°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Наутро по одделни котлини со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 18.10.2024
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

Берлински процес во Лондон: Средба на МЕП Муртезани со британскиот министер за Европа, Доти

ДЕСК

Герасимовски: Во две смени работат нашите хигиничари, Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа

ДЕСК

Средба Гаши – Солстром

ДЕСК