Centar.mk
ЛОКАЛНО

Отстранети десетина диви депонии во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Чаир

Во текот на празничниот продолжен викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од десетина диви депонии лоцирани во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Чаир.

Отстранети се автомобилски гуми, стар и неупотреблив мебел, градинарски отпад и градежен шут што беа непрописно одложени на јавни и сообраќајни површини на улиците Февруарски поход – во општината Аеродром, Орце Николов и Народен фронт – во општината Центар, Вуковарска – во општината Чаир, улиците Јуриј Гагарин и Париска, како и булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов – во скопската општина Карпош.

Во текот на викендот беше извршено и целосно расчистување на теренот по сообраќајната незгода што се случи на аголот меѓу булеварите Србија и Трета македонска бригада, во скопската општина Аеродром.

Можеби ќе ве интересира

Свечено испратена нова генерација идни првачиња од детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден

ДЕСК

ОХРИД ВЛЕГУВА ВО „СЕЈФ СИТИ“: Почнува нова ера на контрола и безбедност во сообраќајот

ДЕСК

Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови , повелете на дружење, пуканки и пријатна атмосфера

ДЕСК