Centar.mk
ЛОКАЛНО

Отстранети десетина диви депонии во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Чаир

Во текот на празничниот продолжен викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од десетина диви депонии лоцирани во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Чаир.

Отстранети се автомобилски гуми, стар и неупотреблив мебел, градинарски отпад и градежен шут што беа непрописно одложени на јавни и сообраќајни површини на улиците Февруарски поход – во општината Аеродром, Орце Николов и Народен фронт – во општината Центар, Вуковарска – во општината Чаир, улиците Јуриј Гагарин и Париска, како и булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов – во скопската општина Карпош.

Во текот на викендот беше извршено и целосно расчистување на теренот по сообраќајната незгода што се случи на аголот меѓу булеварите Србија и Трета македонска бригада, во скопската општина Аеродром.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК