Centar.mk
фото Јавното претпријатие за државни патишта
МАКЕДОНИЈА

Времен режим на две делници на автопатот А1

Во пресрет на продолжениот викенд Јавното претпријатие за државни патишта известува дека на одделни автопатски делници се одвиваат градежни активности и има времен режим на сообраќај за што е потребно соодветно следење на сообраќајните знаци.

Времен режим на сообраќај има на А1, делница Демир Капија–Смоквица која е со важност до 01.12.2024 година, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на тунел Т1.

Имено, десната тунелска цевка на тунел Т1 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

Исто така, до 31 декември 2024 година ќе има времена измена на сообраќајот и на автопатот на делницата Велес-Неготино, поради изградбата на делницата Градско-клучка Дреново, каде што сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација.

Од овие причини ЈПДП повикува на внимателност и прилагодување на брзината согласно со условите на патот.

фото: Јавното претпријатие за државни патишта

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК