Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба Муцунски – Ле Риголер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер. Соговорниците разговараа за актуелните прашања поврзани со европската интеграција на нашата земја, улогата на Франција и можностите за понатамошно унапредување на билатералната соработка.

Министерот Муцунски ја истакна важноста на засилениот ангажман и поддршката на Франција, како водечка земја членка на ЕУ, за продолжување на процесот на пристапување на нашата земја и регионот. Тој ја реафирмираше посветеноста на земјата за забрзување на евроинтегративниот пат и спроведување на реформите во клучните области, како што се владеењето на правото, правосудството и економското управување.

Дополнително, беа дискутирани и перспективите за натамошно зајакнување на политичката и економската соработка, како и заедничките напори за справување со регионалните и глобалните предизвици, со особен акцент на безбедносните прашања.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

ДЕСК

Мицкоски: Владата останува да фокусира на вистинска потреба на граѓаните и државата, изјавите на СДСМ за мигрантите се дифузни

ДЕСК