8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Во поплавите во Босна загина поранешен фудбалер, го пронашле гушнат со сопругата

Меѓу жртвите во поплавите во Босна и Херцеговина е и еден поранешен фудбалер – Јасмин Чилиќ, кој до пред извесно време настапувал за нисколигашот „Клис“ од Бутуровиќ Поле.

Неговото безживотно тело било пронајдено во прегратка со сопругата, која исто така го загубила животот.

„ФК ‘Клис’ изразува сочувство до семејствата, пријателите и познајниците на сите жртви. Во Бутуровиќ Поле меѓу жртвите и исчезнатите има наши долгогодишни навивачи, а поплавата во Јабланица му стави крај на животот на поранешниот фудбалер на ФК ‘Клис’, Јасмин Чилиќ“, се вели во објавата на овој босански клуб.

Најмалку 20 лица загинаа во поплавите што деновиве ја погодија БиХ. Најпогодени беа Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Крешево и Фојница, а беа прогласени денови на жалост и сите спортски настани во земјата минатиот викенд беа одложени./Извор:Makfax