Centar.mk
фото Владина прес служба
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе го дочека српскиот премиер Вуќевиќ

Со почеток во 10:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе го пречека и ќе биде домаќин на посетата на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ и српската делегација.

Во рамки на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба на претседателот на Владата, Мицкоски со претседателот на Владата на Република Србија, Вучевиќ.

Исто така ќе се одржи и пленарна средба помеѓу делегацијата на Владата на Република Северна Македонија и делегацијата на Владата на Република Србија, по што ќе следи свечено потпишување на Меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини со српското Министерство за рударство и енергетика.

Во 11:45 часот заедничка прес конференција за медиумите во Медија центарот на Владата ќе одржат премиерот на Република Северна Македонија, Мицкоски и на премиер на Република Србија, Вучевиќ.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК