Centar.mk
Весна Јаневска / фото: Министерство за Образование
МАКЕДОНИЈА

Министерство за образование и наука: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот

Министерството за образование и наука им го честита 5 Октомври на сите просветни работници во Македонија, посакувајќи им добро здравје и многу успеси во тековната учебна 2024-2025 година.

Несомнено, ја имате најважната улога во воспитно – образовниот систем. Пренесувајќи го знаењето на младите, создавате нови генерации учесници и предводници на општествените процеси. Вие ја креирате иднината на државата и потребна е поголема државна и севкупна општествена поддршка и почит кон Вас и просветителската дејност.

Новото раководство на Министерството за образование и наука и новата Влада имаат големи очекувања Вас, но и ќе го наградат вложениот труд. Повеќегодишниот план за подигнување на дигнитетот на наставничката професија и подобрување на општествено – економскиот статус на наставниците, предвидува делување од повеќе аспекти.
Ќе се погрижиме за подобрување на условите за работа, за континуиран кариерен и професионален развој преку обуки од интерес на профилот на наставникот. Ослободување од притисоците и влијанијата врз работата и најмногу врз оценувањето на постигањата на учениците, а ќе обезбедиме постојан и вистински раст на платите.

Наставниците да бидат спокојни, отсега Министерството за образование и наука ќе им биде доверлив партнер и во тоа ќе се уверат во времето што доаѓа. А она што го бараме за возврат е само најдобро што можат да ја работат својата работа и на децата да им го даваат најголемото и трајно богатство во животот – знаењето.
Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот! , велат од Министерството за образование.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +