Загина 15 годишно момче, друг малолетник тешко повреден. Уште една трагедија на македонските патишта.
Како што објави полицијата синоќа околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка, во населба Карпош – Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ управуван од малолетник од Куманово.
Полицијата известува дека од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот од Куманово, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16 – годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, возачот на патничкото возилот бил лишен од слобода, а возилото и мотоциклот биле предадени на вонреден технички преглед, јави МВР.