Centar.mk
БИЗНИС

Им загорчи чорбата и кафето на граѓаните – угостителските услуги поскапеле во септември значително во однос на истиот период лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во споредба со август 2024 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци зa 0.3 % и Безалкохолни пијалаци за 0.1 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 5.2 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.5 %, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2.8 %.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија добиваат прво туристичко вештачко езеро, ќе биде завршено во 2027 пред предвидениот рок

ДЕСК

РКЕ ПРЕД ОДЛУКА: Нови цени на горивата

ДЕСК

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК