Centar.mk
СВЕТ

Експлозии во Бејрут, Израел продолжува да напаѓа: Гаѓани бункери, цел бил човек кој би можел да стане нов лидер на Хезболах

Околу полноќ, Израел изврши напад врз подземен бункер во јужните предградија на Бејрут каде што се одржуваше состанок на кој присуствуваше можниот нов лидер на Хезболах, Хашем Сафиедин, со други високи претставници на либанската милитантна група, објави Њујорк Тајмс повикувајќи се на тројца неименувани израелски официјални лица.

Не е познато дали Сафиедин бил повреден во израелскиот напад, кој наводно бил еден од најмоќните од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

Сафиедин, роднина на убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, долго време е еден од највисоките функционери на организацијата и се смета за кандидат за нејзин нов генерален секретар, пишува Њујорк Тајмс.

Израелските власти претходно изјавија за американскиот весник дека Сафиедин бил еден од ретките високи лидери на Хезболах кој не бил присутен на местото што Израел го нападна минатиот петок, кога Насрала беше убиен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Хакери упаднаа во системот на француското министерство, пристапија до тајни бази на податоци

C +

Путин: 2025 година значајна пресвртница во воената кампања, „Орешник“ ќе биде ставен во борбена готовност до крајот на годината

C +

Американците убија преживеани по напад на брод; Хегсет: Нема да ја објавиме снимката

C +