Centar.mk
СВЕТ

Бајден: САД разговараат за можни израелски напади врз иранските нафтени постројки

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека Соединетите Држави разговараат со Израел за можни напади врз ирански нафтени постројки откако Техеран лансираше речиси 200 балистички ракети кон Израел.

– Прво, не му дозволуваме на Израел. Го советуваме Израел. И денес ништо нема да се случи. Ќе разговараме за тоа подоцна – им рече Бајден на новинарите во Белата куќа на прашањето дали САД ќе му дозволат на Тел Авив да му возврати на Иран.

Запрашан за предлозите Израел да ги погоди иранските нафтени постројки, клучен извор на приходи за Техеран, Бајден рече: „Зборуваме за тоа“, додавајќи: „Мислам дека тоа би било малку…“, рече Бајден, не завршувајќи ја својата мисла.

Можеби ќе ве интересира

РАКЕТНИ ОСТАТОЦИ ПАДНАА ВО АБУ ДАБИ: Две лица загинаа, повеќе повредени

ДЕСК

Полскиот претседател кај Орбан, владата во Варшава реагира остро

C +

Вооружен маж отвори оган во парк полн со луѓе во Литванија

C +