„Тажно е ако Унгарија ни останала, според зборовите на Мицковски, нашиот единствен пријател меѓу членките на ЕУ“ вели професорот и поранешен амбасадор Ѓорѓи Спасов во интервју за „Рацин.мк“.
Тој додава дека очекувал дека кога дошол Орбан во посета на Македонија дека Мицкоски ќе го праша за здравјето и за азилот на Груевски, кој во меѓувреме САД го ставија на црната листа.
„Мислев дека е редно или да му се изрази благодарност за таа услуга или да му се каже дека веќе кај нас не постои режим, нема политички прогон и на Груевски ќе му се гарантира фер судење, а тоа значи дека веќе не му е потребен азил и Унгарија треба да постпаи според барањето за екстрадиција“ рече Спасов.
Поранешниот амбасадор додава дека можеше и да го праша што беше работата со судените и осудените за шпионажа во корист на Унгарија кај нас и дали сѐ уште некој не шпионира во корист на Унгарија и зошто.
„Или зошто неговиот амбасадор во Советот на Европа гласал за одвојување на Албанија од Македонија на европскиот пат, кога Орбан мисли дека тоа било лоша идеја“ вели Спасов.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...