Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Подгответе се за циклон од утре: Невреме низ Македонија проследено со грмежи, ветер и обилен дожд

Под влијание на циклонска активност утре и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Особено во ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час. На почетокот на неделата ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот.

Прогноза за 05.10.2024
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 19°C до 25°C

Променливо облачно со повремено поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилување на ветерот.

Прогноза за 06.10.2024
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 17°C до 24°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи и засилување на ветерот.

Прогноза за 07.10.2024
Минимална температура: 6°C до 15°C
Максимална температура: 16°C до 24°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +