Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен маж од тетовско поради полово вознемирување, злоупотреба на лични податоци…

На 01.10.2024 во 14.10 часот во с.Церово, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода лице(29)
.
Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите.

Мажот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Кривична пријава против делчевец затоа што намерно предизвикал шумски пожар

ДЕСК

ПРЕД ПРАЗНИКОТ ПРОВЕРЕТЕ ГО КАЛЕНДАРОТ: Еве кои неработни денови следуваат до крајот на 2026

ДЕСК

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРЕДИЗВИК ЗА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ: Министерката Јаневска на панел дискусија во Скопје

ДЕСК